ВИДЕО | Зафировски: Следува тешка 2021 – економскиот удар следи, бизнисот мора да го искористи потенцијалот

За да видиме кој беше точниот ефект од кризата ќе мора да почекаме до мај и да видиме дали „плачењето“ е реално или не. Годината беше многу интересна, тешка економски, психички, здравствено.

Но како и секоја криза од претходно така и оваа имаше потенцијал за раст. Да бидеме реални, има фирми и индивидуалци што заработија многу пари во кризата. Во однос на малопродажбата јас се согласувам дека во услужната дејност, туризам и угостителство има пад, но апсолутно има сегменти кои што забележаа доста добри перформанси во период на криза. Еден од тие сектори е малопродажбата. Малопродажбата има многу мал ппад споредено со други сегменти. На крајот од денот, секогаш викаме дека нема да се вика криза ако сите заработуваме пари, изјави во Утрински брифинг Сергеј Зафировски, генерален менаџер на Инсајдер ИД и додаде дека нулата во профитот за време на ваква криза е многу подобар резултат од тоа што би можело да биде негативно.

Интересно е тоа што наредната година ќе има сосем нов тренд што ќе влијае на малопродажбата. Ние годинава имавме криза, тешка финансиски, сите викаа дека државата треба да помогне итн… Една работа забораваме, дека тие пари кои државата ги дава еден ден ќе мора да се вратат. Дали преку зголемени даноци еден ден ќе мора да се вратат без оглед кој е на власт. Гледаме што се случува со државниот долг и тоа ќе има ефекти врз потрошувачката, вели Зафировски.

Целиот разговор со Сергеј Зафировски, генерален менаџер на Инсајдер ИД погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот