ВИДЕО | „За ова постојам“: Калиопи изненади мала обожавателка за нејзиниот роденден

Фото: Скриншот/Јутјуб

Македонската пејачка Калиопи Букле (57) неодамна одржа успешен концерт во Белград, каде пред српските обожаватели ги испеа своите најголеми хитови.

Но, нејзините мали обожавателки Ана и Мила успеаја да ѝ остават најсилен впечаток. Имено, нивната мајка Данијела сподели видео кое допре до македонската пејачка.

Малата Ана имала желба Калиопи да ѝ ја испее песната „Роџендан“ за нејзиниот роденден, а кога Калиопи дознала за тоа – веднаш договорила средба со семејството во Скопје.

Калиопи пристигнала на договореното место, каде ѝ донела роденденска торта на Ана и почнала да ѝ ја пее посакуваната песна. Се разбира, девојчето било многу изненадено од овој убав гест.

Се сеќавате на Ана и Мила од мојот белградски концерт? Да, да, тоа се тие двете кои ми го „украдоа“ шоуто! И ми го украдоа срцето во истиот момент кога го погледнав нивното видео. Благодарение на нивната прекрасна мајка Даниела, стапивме во контакт и успеавме да ѝ го оствариме сонот на Ана, која пеејќи дома рекла дека би сакала Калиопи да ѝ ја пее „Rodjendan“ за нејзиниот роденден. Затоа што истиот ден му беше роденден и на тато Дејан, одлучија да допатуваат во Скопје, каде ја договоривме нашата средба. Се разбира, Ана и Мила немаа поим за овој наш план.

Сè останато се слики длабоко врежани во сеќавањата кои долго време сите ќе ги носиме во срцата…

И повторно, по не знам кој пат, сфатив зошто и за кого постојам. Ти благодарам животе!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот