Фото РТС принтскрин
Фото РТС принтскрин

ВИДЕО | Вучиќ се разлути зашто во Србија половина нарко-дилери имале полициско обезбедување

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на прес-конференција влезе во опсежно излагање за катастрофалната состојба со српската полиција која според него чува нарко-тајкуни, криминалци, се вмрежува во кланови. Неговото излагање доаѓа откако беше уапсен шефот на белградската полиција Веселин Милиќ, кој е отстранет од позицијата и доби 30-дневен притвор зашто е осомничен за тешки кривични дела.

Според досега објавеното во српките медиуми, во вторникот на 12 мај годинава, началникот Милиќ повикал двајца криминалци на средба во ресторан, наводно за да ги смири бидејќи тие имале претходни меѓусебни недоразбирања. Но, едниот од нив, пред очите на Милиќ, извадил пиштол, го убил вториот криминалец, а потоа луѓето од обезбедувањето на началникот, помогнале телото да се извади од ресторанот, го запалиле покрај автопат и се ослободиле од снимките од камерите во ресторанот.

-На народот му е доста од оние кои на секое место му зборуваат „знаеш ли кој сум јас“. Ако некој е во состојба да направи најтешко кривично дело а образован е во Каменица, и кога ќе го изврши најтешкото кривично дело мртов ладен ќе седне и ќе си испие пијалак, а притоа ние како држава сме вложувале во него… И ако ги чуваш најголемите можни криминалци, луѓе од некое друго миље, ти немаш што да бараш во полиција или во војска. Ќе донесеме закон со кој секој што ќе го фатиме дека врши други задолженија, кои не ги добил од државата, на пример дека чува некој тајкун кој не е криминалец, или дека чува некој криминалец, е ти мајчин сине веќе не можеш да работиш во полиција. Баш ми е гајле и пет илјади од нив да ја напуштат полицијата веднаш. Што сме ние будали? Да образуваме некого на Воена академија или во Каменица, да вложуваме во опрема да вложуваме во големи плати, а потоа секој да си прави свој клан и свој план на кого ќе му помага, кому ќе му попушта, кого ќе го пропушта итн. Тоа веќе нема да биде дозволено. Па нека се жалат во Европа, во Стразбур и на Свети Петар. Државата вложува во нечие знаење и системот на безбедноста, а тие убаво ќе се вмрежат и ќе работат со криминалците. Па после половина од нарко-дилерите ќе ни имаат полициско обезбедување. И ќе ме прашате сега што порано не го спречи ова? Епа 40 години ова трае и никој не го има спречено. Можеби досега немав сила, можеби и денеска немам сила да го променам ова, но имам волја. И ви гарантирам дека ќе го променам. Половина од нив знаат кој е овој или оној нарко-дилер. Па ако знаеш, зошто е тој на слобода? Па на слобода е зашто ние го чуваме како држава, вака или онака. Доста беше, рече Вучиќ.

Нови детали за убиството на српскиот мафијаш Баја — полицијата сакала да ја заташка работата, началникот порано го советувал Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот