Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ВИДЕО: Вучиќ пак направи сцена – прекина говор и молчеше скоро цела минута

Тензичната атмосфера за време на обраќањето на Александар Вучиќ на денешниот настан на кој српскиот претседател го соопшти името на новиот мандатар за состав на српската влада, дополнително се вжешти кога Вучиќ, изнервиран од тоа што некој од присутните разговараше на телефон за време на неговиот говор, запре со зборување и молчеше околу 40 секунди.

Вучиќ, како и многупати досега, рече дека ќе почека додека човекот во публиката го заврши разговорот. На социјалните мрежи се коментира дека тоа е веројатно најдолгото „ќе чекам да го завршите разговорот“ во кариерата на српскиот претседател.

Вучиќ денеска објави дека му го дал мандатот за формирање на новата српска влада на Ѓуро Мацут, откако претходниот премиер, Милош Вучевиќ, мораше да се повлече под притисок од јавноста и студентските протести поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 16 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот