Кетрин Зита-Џонс и Александар Вучиќ / Фото: Инстаграм/Александар Вучиќ

ВИДЕО | Вучиќ ја угости Кетрин Зита-Џонс во Белград — ѝ подари цвеќе и позираше со холивудската ѕвезда

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја угости една од најпознатите холивудски актерки, Кетрин Зита-Џонс, за време на нејзината посета на Белград.

По средбата, Вучиќ на социјалните мрежи објави снимка на која може да се види како ѝ подарува букет цвеќе на актерката и позира заедно со неа. Тој истакна дека е особено задоволен што Србија и Белград стануваат сѐ попрепознатливи на мапата на светската филмска индустрија.

„Ми беше исклучително задоволство да угостам една од најголемите холивудски ѕвезди, актерка која и на славниот Зоро му одзеде дел од славата“, напиша Вучиќ во својата објава.

Кетрин Зита-Џонс и Александар Вучиќ / Фото: Инстаграм/Александар Вучиќ

Тој нагласи дека сѐ поголем број продуценти, режисери и актери ги препознаваат потенцијалите што Србија може да ѝ ги понуди на филмската индустрија.

„Сѐ повеќе продуценти, режисери и актери го откриваат она што ние одамна го знаеме – дека нашата земја нуди врвни локации, талентирани луѓе и гостопримство кое долго се памети“, порача српскиот претседател.

Во шеговит тон, Вучиќ додаде дека Белград наскоро би можел да стане место каде средбите со холивудски ѕвезди ќе бидат речиси секојдневие.

„Ако по утрото денот се познава, наскоро во Белград ќе биде подеднакво веројатно да сретнете холивудска ѕвезда како и сосед од маало“, заклучи тој.

ФОТО | Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас уживаат во Монако — холивудскиот пар е во љубов и по 25 години брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот