ВИДЕО | Вооружен конфликт меѓу војската на Тајланд и Камбоџа, загина најмалку еден цивил

Вооружени судири избувнаа меѓу Тајланд и Камбоџа рано утрово, објавија армиите на двете земји, тврдејќи дека првите истрели биле испукани од спротивната страна.

Тајландската војска во соопштението наведува дека вооружените сили од соседна Камбоџа отвориле оган врз спорната погранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок. Пред да бидат испратени војници со тешко оружје, над областа прелетал дрон за надзор, се додава во соопштението.

Соседната земја е обвинета за неодамна поставување мини во пограничната област, додека Камбоџа одговара дека станува збор за неосновани обвинувања.

„Мора да бидеме внимателни – истакна влијателниот поранешен камбоџански премиер Хун Сен, тајландската војска гранатирала две од нивните провинции.

Тајландскиот премиер Фумтам Вечајачаи рече дека ситуацијата е многу деликатна.

„Мора да бидеме внимателни. Ќе го почитуваме меѓународното право- истакна тој.

Тајланд и Камбоџа го оспоруваат суверенитетот над неколку точки по должината на нивната копнена граница од 817 километри повеќе од еден век, што доведе до седумдневен вооружен конфликт во 2011 година. Гувернерот на тајландската провинција Сурин, Чамнан Чуента, ги повика жителите во објава на Фејсбук да се засолнат и да се подготват за евакуација.

Тајландски власти: Најмалку еден цивил убиен во покраината Сурин

Најмалку еден цивил е убиен во тајландската покраина Сурин, соопштија властите, според Би-би-си.

Портпаролот на владата Џирају Хунгсу, кој ги потврди смртните случаи, исто така рече дека седум војници се ранети. Тој додаде дека бројот на повредени цивили не е познат, но дека меѓу нив е и петгодишно дете кое е „сериозно повредено“.

Од друга страна, портпаролот на Министерството за одбрана на Камбоџа одговори дека тајландските сили извршиле упад, на што нивните сили одговориле во самоодбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот