ВИДЕО: Во Израел е пронајдено јајце старо 1.000 години

youtube
принтскрин

Израелски археолози за време на ископувањата во градот Јавне пронашле недопрено јајце од кокошка старо околу 1.000 години, кое се смета за едно од најстарите во светот, објави Израелскиот орган за антиквитети (ИАА).

„Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Наоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувања, тоа е релативно вообичаено, но наоѓањето на цело јајце е навистина уникатен феномен“, рече д-р Ли Пери Гал од ИАА за Ерусалим пост“.

Јајцето е пронајдено во област што датира од византискиот период, односно од 4 до 7 век од нашата ера.

Кокошките биле припитомени во југоисточна Азија пред околу 6.000 години, но им требало време за да влезат во исхраната на луѓето“, забележа Пери. „Тие беа користени за други цели, како што е борбата со петли, и се сметале за убави животни, изложени во антички зоолошки градини и биле давани како подароци на кралевите. Всушност, едно од најраните места во светот каде наоѓаме докази за одгледување кокошки е Мареша, елинистичко место во Израел, кое датира од 2.300 години“, додаде таа.

Поради фактот што е пукнато, повеќето од внатрешните содржини протекле, но беше зачуван дел од жолчката, што ќе ни овозможи понатамошно истражување“, истакна Гал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот