ВИДЕО: Виљареал не дозволи англиско финале и во Лигата на Европа

epa09181976 Villarreal's Carlos Bacca celebrates after the UEFA Europa League semi final, second leg soccer match between Arsenal FC and Villarreal CF in London, Britain, 06 May 2021. EPA-EFE/ANDY RAIN

Екипите на Манчестер јунајтед и на Виљареал ќе играат во финалето на Лигата на Европа кое е закажано за 26. мај во Гдањск.

Виљареал на реваншот во Лондон одигра 0:0 против Арсенал и благодарение на победата на првиот натпревар од 2:1 за прв пат ќе игра во европско финале. Манчестер јунајтед пак загуби со 3:2 од Рома на „Олимпико“ но предноста од првиот натпревар (6:2) беше преголема за да не обезбеди финална битка за трофејот.

Натпреварот на „Олимпико“ исто така беше динамичен, квалитетен и исполнет со голови како и првиот натпревар.

Кавани го донесе Јунајтед во водство во 39. минута,  но „римската волчица“ во второто полувреме за само три минути успеа да направи пресврт. Прво Џеко во 57. минута израмни на 1:1, а три минути подоцна Кристанте и донесе водство на Рома. До крајот на натпреварот, прво Јунајтед постигна гол преку Кавани, за во финишот Рома сепак да дојде до минимална победа благодарение на 19-годишниот Никола Залевски.

На „Емирати“ во Лондон немаше голови па шпанскиот тим благодарение на победата во првиот натпревар обезбеди прво финале во европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот