ВИДЕО | Верски лидер од Пакистан претепан до смрт откако на настан кажал „богохулни“ коментари

Протест Пакистан / Фото ЕPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD

Верски лидер од Пакистан бил претепан до смрт по говорот што го одржал на политички митинг, откако некои ги протолкувале неговите изјави како „богохулни“.

Шокантниот инцидент се случил во провинцијата Кибер-Панктуква, на северозападот на земјата. Нигар Алам, верски водач на локална муслиманска заедница, бил поканет да се обрати на митинг организиран од партијата Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на поранешниот премиер Имран Кан во селото Савалдер.

Алам бил линчуван откако „дал неколлу богохулни коментари што ги налутиле луѓето“, рече локален функционер, кој зборувал за „Ал Џезира“ под услов да остане анонимен.

Првично, полицајците присутни на собирот успеале да го оттргнат Алам од рацете на толпата и да го однесат во блиската продавница, верувајќи дека таму ќе биде безбеден. Но, набргу толпата успеала да ја пробие вратата и да го извади Алам, кој бил бесно нападнат со стапови, а кратко време подоцна издишал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот