ВИДЕО | Венчаницата на атрактивната Албанка ги запали социјалните мрежи – Едни велат дека невестата е гола, други дека е нестварно убава
Актерката, водителка и пејачка Ериона Сејдиу се омажи за бизнисменот Блендо Реџепи во март годинава на Косово. На социјалните мрежи сега повторно се шират видеа од нивната свадба, а во центарот на вниманието е венчаницата на атрактивната Албанка.
Препорачано
View this post on Instagram
Всушност Ериона на формалниот дел од церемонијата носела потрадиционален фустан, венчаница „по правила“, додека за вториот, забавниот дел од венчавката избрала посмела варијанта на венчаница.

Чипкастиот фустан го истакна нејзиниот труднички стомак, а поради длабокото деколте и шлицот кој ги открива нозете, дел од корисниците на социјалните мрежи сметаат дека е малку пресмел за свадба. Останатите пак не гледаат ништо лошо во тоа жена со такво тело да носи ваква венчаница.

– Зошто да не? Таа е прекрасна и зошто не би облекла ваков фустан? – е еден од коментарите.
– Ха, можела да дојде во градник и гаќички – напишал некој за венчаницата што ја избрала Ериона.
Некои дури ја споредија венчаницата со ноќница, додека други сметаат дека е преубава и на единствен начин ги обединила елеганцијата и провокативноста.
View this post on Instagram


