ВИДЕО | Велковска од Охрид SOS: Ние сме земја на демагогија–на терен гледаме корупција, криминал, а институциите ништо не преземаат

Институциите добија нов извештај од УНЕСКО за состојбата во Охрид, со што останува неизвесно дали регионот ќе биде впишан на листата на светско природно и културно наследство во опасност, бидејќи прашање е дали во рок од неколку месеци властите ќе можат да направат напредок во однос на препораките на организацијата на Обединетите нации, вели активистката Драгана Велковска, од невладината организација Охрид SOS.
Во извештајот, во кој имаа увид дел медиуми во земјава, се вели дека исполнети се условите за Охридскиот регион да биде впишан во листата на Светско и културно наследство во опасност, бидејќи властите не одговориле соодветно кон обврските што УНЕСКО ги побара од нив уште пред повеќе од три години.
Конечната одлука за статусот на Охрид се очекува да биде донесена до јуни оваа година, но според еколози од земјава „тешко“ дека за неколку месеци ќе биде направен напредок во однос на препораките на УНЕСКО, особено што во новиот извештај пишува за дополнително загрозување на подрачјето со нови проекти и влошување на состојбата во урбаните, руралните и природните предели.
„Санкционирање на сите чинители што се дел од државните институции и не постапувале по законските обврски за заштитениот регион, но и казни за оние кои градат бесправни објекти, е еден од првите чекори што треба да се направат“, смета активистката Драгана Велковска, од невладината организација Охрид SOS. Според Велковска состаноците кои се одржуваат не произлегува никаква активност, никаква посветеност за спроведување на вистински нешта што му се неопходни на регионот.
Тоа што ќе се договори на состанок, останува напишано на хартија, а делата кои ги гледаме на терен ги нема. Ние сме земја на демагогија, имаме луѓе кои седат на функции, избрани се да ги почитуваат и спроведуваат законите, а тие го прават токму спротивното – не само што не ги почитуваат законите, тие прават закони кои можат многу лесно да се изиграат. Прават закони со кои ги штитат сопствените интереси. На терен гледаме корупција, криминал, а институциите ништо не преземаат. Велковска прстот го вперува кон сите институции кои се во хиерархијата на управување на регионот.
Најпрво тука е Владата, Министерството за животна средина. култура, трите локални самоуправи – Охрид, Струга, Дебарца, МВР, судовите, обвинителствата. Ниедна од овие институции не си ја врши работата на која е обврзана со закон, смета Велковска. Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот