ВИДЕО | Важен потпис во Мадрид: Атлетико го продолжи договорот со капитенот

Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Eкипата на Атлетико Мадрид обезбеди уште еден важен потпис откако денеска соработката ја продолжи капитенот Коке.

Фудбалерот за врска имаше договор до крајот на сезоната, меѓутоа двете страни се договорија да ја продолжат соработката на уште една година со клазула за автоматско продолжување до 2026 година, ако Коке одигра одреден број натпревари.

Атлетико потписот на Кокего потврди со видео во кое порача. „Историјата продолжува“.

„Ако сакав можев да заминам многу пати. Имав понуди, но мојата желба секогаш била да бидам дел од Атлетико“, изјави Коке.

Во редовите на Атлетико Коке пристигна во 2009 година и од тогаш собра 626 натпревари и постигна 47 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот