Момче искасапено во кафезот на лавовите/Фото: Скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Ужас во Зоолошка во Бразил: Момче влезе кај лавовите, веднаш го растргнаа

19-годишно момче е искасапено од лавица во зоолошка градина во Бразил во неделата, објавија локалните медиуми.

Според локалните медиуми, 19-годишникот, Герсон де Мело Мачадо, страдал од психолошки проблеми.

На видео снимено од посетителите на зоолошката градина „Аруда Камара“, младиот човек се спушта од дрво и веднаш го напаѓаат лавови.

Локалните власти објавија дека 19-годишното момче прво се искачило на ѕидот висок 6 метри, потоа ја прескокнало бодликавата жица и на крајот употребило дрво за да се спушти во кафезот со лавовите.

По несреќата, зоолошката градина е затворена до понатамошно известување, а властите започнаа истрага за околностите на трагедијата, тврдејќи дека компанијата ги спроведува сите безбедносни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот