ВИДЕО | Ужас во Израел: терорист пукаше во преполни кафулиња и ресторани

Пукотница во Тел Авив/ Фото JACK GUEZ / AFP / Profimedia

Најмалку двајца мртви и 12 ранети е досегашниот биланс од терористичкиот напад кој вечерва се случи во израелскиот град Тел Авив, јавуваат светските медиуми.

Според првичните извештаи, вооружениот напаѓач отворил оган во преполни кафулиња и ресторани на прометната улица „Дизенгоф“, предизвикувајќи општа паника.

Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат голем број полицајци и возила на Брзата помош на местото на настанот во центарот на градот.

Засега не се открива идентитетот на терористот, кој по нападот избегал од местото. Во тек е голема потрага во која се вклучени преку 1.000 полијајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот