ВИДЕО: Уругвај и Еквадор ќе играат на Мундијалот во Катар

Уругвајците обезбедија ново учество на Мундијалите/Монтевидео, Уругвај/24 март 2022/Фото: EPA-EFE/Raul Martinez

Дознавме уште две репрезентации од Јужна Америка кои ќе бидат дел од Светското првенство, после Аргентина и Бразил, пласман обезбедија Еквадор и Уругвај.

Уругвајците го совладаа Перу и се изборија за директен пласман на Мундијалот во Катар, но и придонесоа Еквадорците да слават иако загубија од Парагвај со 3:1.

Најлошо поминаа токму Перуанците кои се бореа за четвртата позиција, но имаат шанса како петтопласирани да одат во мундијалскиот бараж.

Моментно се петтопласирани со 21 бод, пред Колумбија со 20 и Чиле кој има 19. Елиминирани се Парагвај (16), Боливија (15) и Венецуела (10).

Во последните натпревари на 29 март Перу ќе биде домаќин на Парагвај, Колумбија гостува кај Венецуела, а Чиле ќе го пречека Уругвај.

Уште две репрезентации обезбедија мундијалска виза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот