ВИДЕО | Украински медиуми: Русите ракетираа станбена зграда во Киев, најмалку двајца мртви

Ракетирана зграда во Киев/ Фото Ukraine State Emergency Service

Најмалку две лица загинаа, а над три се повредени во руски ракетен напад што утрово нешто пред 6 часот погоди станбена зграда во Киев. Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, пренесува Киев Индепендент.

Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев, јави Би-Би-Си.

Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбената зграда, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.ќ

Украинската служба за итни случаи објави фотографии и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 5 часот. Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот