ВИДЕО: Украинците објавија снимка од уништувањето на Соледар
На видеото од медицинската евакуација од градот Соледар, кое вчера го објавија украинските власти, може да се види степенот на уништувањето на тој град.
Препорачано
„Во Соледар сè уште има украински војници“, соопштија денеска руските власти во регионот на Доњецк, пренесува „Скај њуз“. Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин вчера изјави дека Соледар е целосно ослободен и дека се убиени 500 украински војници.
Руските власти додаваат дека западниот дел на градот е под нивна контрола. Украина негираше дека Русите го зазеле Соледар и изјави дека се уште се водат жестоки борби за тој град. Киев денеска објави дека Русија ги собира силите во близина на Соледар, но дека украинската армија дава отпор и ги задржува своите позиции.
Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар рече дека бројот на руски единици е зголемен од 250 на 280 додека Москва се обидува да преземе „стратешка иницијатива“.
„Во насока на Соледар се водат жестоки борби. Русите газат по сопствените трупови. Русија го тера сопствениот народ, по илјадници, во кланица, но ние се држиме“, рече Маљар.


