ВИДЕО: Украина објави дека го погодила рускиот брод Комуна на Крим

Рускиот воен брод Комуна погоден во Севастопол/Фото: Х

Украинската војска во неделата објави дека директно го погодила и оштетила спасувачкиот брод на руската морнарица во Севастопол, на полуостровот Крим, дом на Црноморската флота.

Според Дмитро Плетенчук, претставник на украинската морнарица, бродот „Комуна“ бил погоден додека бил закотвен во Севастополскиот залив вчераутро и „јасно е дека сега (…) не е во состојба да извршува мисии“.

Украинските вооружени сили преку Телеграм известија дека станува збор за еден од најстарите бродови на руската морнарица, лансиран во 1913 година кој сè уште во служба.

Според извештаите, катамаранот бил вклучен во мисија за извлекување тела и чувствителен материјал кога украинската војска го потопила бродот „Москва“, предводник на Црноморската флота, во април 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги бранеше успесите на неговата војска во нападите против руската Црноморска флота, која е со седиште во Крим, полуостров кој Русија го анектираше во 2014 година.

Од своја страна, гувернерот на Севастопол, Михаил Развазаев, вчера изјави дека руските вооружени сили одбиле ракетен напад насочен кон приклучен брод, додавајќи дека остатоците предизвикале мал пожар за кој увери дека веднаш е изгаснат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот