Руски напади врз Киев/Фото: Svet Jacqueline / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Украина: Најмалку четворица мртви во руските напади во Киев

Најмалку четири лица загинаа, а 19 други се повредени во руските воздушни напади во Киев во текот на ноќта, според најновото ажурирање од градоначалникот на украинскиот главен град, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот Кличко изјави дека руски беспилотни летала (БЛН) погодиле четири области на Киев, предизвикувајќи голема штета на станбени згради.

Тој појасни дека меѓу загинатите е и еден спасител кој побрзал да им пружи прва помош на жителите на станбена зграда која била погодена од дронови во рок од само неколку минути. Во истиот напад биле повредени уште четворица колеги.

Градоначалникот на Киев, исто така, изјави дека воздушните напади оштетиле инфраструктура во главниот град, предизвикувајќи прекини во водоснабдувањето во некои области.

Од своја страна, шефот на воената администрација на главниот град, Тимур Ткаченко, преку Телеграм објави дека руски дрон предизвикал пожар во трговски центар, додека друг се урнал пред медицинска установа.

Инфраструктурата во западниот украински град Лвов беше цел на руски ракетен напад во текот на ноќта, како што објавија градоначалникот Андриј Сандови и регионалниот гувернер Максим Кожицки во објави на платформата Телеграм. Украинските медиуми шпекулираат дека можеби станува збор за напад со „орешник“ – нов вид хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава.

Регионалниот гувернер Козицки рече дека експертите брзо се упатиле кон погодените области, додека градоначалникот Сандови нагласи дека експертите треба да одлучат дали во нападот е употребена ракета „орешник“.

Првиот пат кога ракета од овој тип беше испукана против Украина беше во рускиот напад врз источниот град Дњепар во ноември 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот