ВИДЕО: УЕФА потврди – Елмас со вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа

Голот на Елиф Елмас против Спартак Москва не беше доволен за победа/Неапол, Италија/30 септември/Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Елиф Елмас моментно се подготвува за колегите од македонската А репрезентација за новите два натпревари во квалификациите за Светското првенство 2022.

Потсетување, избраниците на селекторот Благоја Милевски в петок во Вадуц ќе играат против Лихтенштајн, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаат Германија.

Неодамна Елмас настапи како стартер на мечот од Лига Европа на стадионот „Диего Арманда Марадона“ во Неапол против Спартак Москва.

Нашиот фудбалски „дијамант“ уште во првиот напад на „наполитанците“ донесе предност за домаќините, и веднаш се поставува прашања после колку точно секунди е реализиран погодокот и дали истиот е најбрз во ова натпреварување.

Денеска Европската фудбалска куќа (УЕФА) на социјалните мрежи потврди дека Елмас го има вториот најбрз гол, постигнат после точно 12,60 секунди.

На врвот останува Јан Сикора кој во 2016 година стрелаше после 10,69 секунди за чешката Славија Прага против Карабах од Азербејџан, а на третата позиција е Витоло кој постигна гол за Севиља во шпанската пресметка со Виљареал после 13,21 секунди во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот