Игнасија Фернандес / Фото: Инстаграм/Игнасија Фернандес

ВИДЕО | Убавица со моќен глас: Мис Чиле запеа песна во метал стил на натпреварувањето за Мис Свет

Новoизбраната Мис Чиле, Игнасија Фернандес, која ќе ја претставува својата земја на натпреварот за Мис на светот, го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи со својот несекојдневен талент.

За време на полуфиналето на изборот за Мис Свет Чиле 2025, одржано минатиот викенд, 27-годишната манекенка го покажа својот невообичаен талент – изведба на дeт метал музика.

„Металот е клучен дел од тоа кој сум како личност и дел од мојот живот: прибежиште, извор на сила и смисла. Можноста тоа да го изразам на сцената на натпреварот беше привилегија што длабоко ја ценам,“ напиша таа во описот на објавата на Инстаграм на 5 ноември.

Во објавата сподели снимка од телевизискиот пренос на настапот, на кој пее заедно со гитаристот Карлос Палма Моран, кого подоцна го спомна во текстот. Двајцата беа облечени во црно, додека Фернандес носеше лента со натпис „Лас Кондес“, претставувајќи го својот регион во Чиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ignacia Fernández (@ignacia.fdez)

Нејзината фризура и шминка беа во согласност со стандардите на изборите за убавина – беспрекорни, пишува списанието „Пипл“.

„Беше прекрасно искуство да рушам бариери на телевизија, да инспирирам други, да останам верна на себе и да покажам дека не треба да се плашиме од предрасуди“, додаде таа.

Фернандес се заблагодари и на својот бенд „Десесус“: „Благодарам на сите кои ме поддржаа и ми се придружија со подигнати рогови,“ напиша таа, додавајќи метал емотикон.

Нејзиниот настап брзо стана вирален и ѝ донесе бројни нови обожаватели, а синоќа таа и победи на националниот избор во конкуренција од дваесет убавици.

„Многу сум благодарна, воопшто не го очекував тоа. Имаше месеци подготовки и навистина сум пресреќна за целата поддршка и љубов што ја добив“, изјави Игнасија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот