Исчезна турскиот бизнисмен Халит Јукај/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Турски бизнисмен исчезна откако неговата јахта потона во Мраморното Море, започната е потрага

Турските власти се вознемирени поради исчезнувањето на бизнисменот Халит Јукај, кој е исчезнат од саботата навечер, кога ја напуштил својата јахта „Грејвулф“ од Ѓалова во Југозападна Турција,  која пловела кон Миконос.

Јахтата на 43-годишниот турски бизнисмен ја пронајде турската крајбрежна стража оштетена и полупотоната кај Проконис (остров во Мраморното Море, покрај Пропонтис).

Властите биле информирани од роднините на Јукај, кои не можеле да го контактираат откако тој заминал за ветровитиот остров.

Турската крајбрежна стража била известена во 23:40 часот во понеделникот навечер, а неколку часа подоцна, во вторник во 14:30 часот, екипажот на трговски брод ја известил службата дека забележале остатоци од брод, за кој се покажало дека е „Грејвулф“ од Јукај.

Нуркачи, хеликоптер и бродови на крајбрежната стража учествувале во потрагата по турскиот бизнисмен, но без никакви резултати.

Кој е исчезнатиот турски бизнисмен?

Роден во 1982 година, Халит Јукај е сопственик на „Мазу Јахтс“, производител на луксузни јахти.

Својата професионална кариера ја започнал како бродоградител и имал сон да основа сопствена компанија. Тоа се случи во 2011 година со „Мазу Јахтс“ кои се познати во Турција по дизајните и технологиите што ги користи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот