ВИДЕО | Трпковска од „Шепасти ентузијасти“: Ја подигнавме свеста кај граѓаните, но потребна е помош и од државата и од ЈП „Лајка“

ЈП „Лајка“, преку пост на социјалните мрежи соопштија дека биле надминати недоразбирањата околу стафордот Пабло, кој тие го објавува за вдомување под името Том, иако скоро цел месец неговите сопственици ги молеле да им го вратат.

„Лицата кои тврдеа дека кучето е нивен домашен миленик, беа повикани во нашето прифатилиште и сите недоразбирања се надминати“, напишаа од „Лајка“ споделувајќи и видео од средбата.

Јавноста дозна за случајот откако „Лајка“ го објави за вдомување младиот стафорд, заловен за Нова Година во Аеродром, откако исплашен од петардите им побегнал на сопствениците. Но, за разлика од скоро сите кучиња во стационарот, сопствениците велат дека се обидувале да си го земат кучето од првиот ден кога влегло во „Лајка“. Речиси месец дена подоцна, стигнал одговор од „Лајка“ во вид на фактура од скоро 300 евра, за да си го подигнат кучето. Од здружението за заштита на животните Анима Мунди, реагираа дека во стационарот незаконски е држено кучето и не им е враќано на сопствениците.

Во Утрински брифинг гостуваше Наталија Трпковска од „Шепасти ентузијасти“ каде направи јасна дистинкција околу тоа кој може и кој не смее да биде спорведувач на закон во вакви случаи.

„Лајка“ има обврска веднаш да го информира сопственикот доколку залови куче кое веќе е чипирано. Нема тука законски рок. Не смееш да држиш куче кое има сопственик и мора веднаш да се обратат до сопствениците.

Околу работа на стационарот „Лајка“, Трпкова вели дека сите здруженија за заштита на животните барале „Вардариште“ да се затвори. Ние бевме тие кои се радувавме кога се отвори „Лајка“ и планиравме заедничка соработка, се до оној момент додека не се случи јавната дебата во град Скопје, кога требаше да се презентира програмата, за која сите заеднички бевме против. Сите сега гледаме дека не функционира како што треба работењето на „Лајка“, но оставаме време да покаже.

Целиот разговор со Трпковска од „Шепасти ентузијасти“ погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот