ВИДЕО: Трката за ЛШ е неизвесна, Тотенхем го совлада Арсенал

Тотенхем останува во игра за Лигата на шампионите/Лондон, Британија/12 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Тотенхем вечерва победија против Арсенал на домашен терен со 3:0, во преостанатиот натпревар од 22 коло на англиската Премиер лига.

Стрелци за Тотенхем беа Хари Кејн од пенал во 22 и 37 минута и Сон Хјунг Мин во 47 минута.

Арсенал играше со играч помалку од 33 минута, откако втор жолт картон доби Роб Холдинг.

Тотенхем стигна до 20 победа сезонава и со 65 бодови го зазема петтото место на табелата. Арсенал е на четвртата позиција со бод повеќе.

Во следното коло Тотенхем ќе го пречека Барнли, додека Арсенал му гостува на Њукасл.

Премиер лига, табела:

1.Манчестер сити 89 бодови
2.Ливерпул 86
3.Челси 70
4.Арсенал 66

5.Тотенхем 65
6.Манчестер јунајтед 58

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот