ВИДЕО: Триумф на Баерн, Кејн го запиша и 18 гол сезонава во Бундес лигата

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

После обврските со англиската репрезентација, Хари Кејн им се врати на клупските обврски со Баерн Минхен со кој успеа да дојде до нова победа во Бундес лигата.

Денеска баварскиот гигант минимално славеше на гостувањето кај Келн со конечен резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Кејн во 20 минута, тоа е веќе негов 18 гол во 12 настап сезонава за германскиот шампион.

За Баерн ова е 10 победа во шампионатот за моментно прво место со 32 бодови, само еден повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен кој својот меч ќе го има в сабота на гости кај Вердер Бремен.

Келн по осмиот пораз е на последната 18 позиција со шест бодови. Во следното коло Баерн ќе го пречека Унион Берлин, додека Келн му гостува на Дармштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот