ВИДЕО: Тричковски со првиот гол сезонава за АЕК Ларнака во Лига Европа

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во рамките од четвртото коло во фудбалската Лига Европа составот на АЕК Ларнака на домашен терен успеа да израмни против Фенербахче (1:1).

Претходно водство за турскиот гигант донесе Жоао Педро по асистенцијата на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски во 16 минута.

Израмнувањето се случи во 52 минута, сигурен од белата точка за Кипраните беше нашиот напаѓач Иван Тричковски.

За поранешниот македонски репрезентативец ова е прв гол сезонава за АЕК Ларнака во Лига Европа.

До сега во новата сезона од кипарскиот шампионат Тричковски запиша два гола од шест настапи во победите над Арис Лимасол (1:2) и Анортозис (4:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот