ВИДЕО | Традиционалната трка со бикови во Шпанија годинава со најмалку 35 повредени

Трка со бикови Шпанија / Фото ЕПА

Шест лица биле повредени во последното трчање со биковите, кое традиционално се одвива во Памплона, северна Шпанија, со што вкупниот број на повреди се искачил на 35 на годинешниот фестивал кој привлекува туристи од целиот свет.

Последната трка, која траела нешто повеќе од две минути, завршила со хоспитализирање на пет лица, но ниту една од повредите не е резултат на забивање на роговите, изјави портпаролката на Универзитетската болница во Навара. Меѓу хоспитализираните две лица се тешко повредени, додаде таа, едното се здобило со „модринка на градниот кош“, а другото со „повреда на главата“, додаде Марта Мартин.

Оваа година биле повредени вкупно 35 лица, но ниту еден не е во критична состојба. Најнеобична е секако повредата на 58-годишен Холанѓанец кој добил мала расекотина на тестисите по удар на бикот.

На прославата која трае сум дена, на тркачката патека долга 850 метри секое утро во 08:00 низ тесните градски улици до арената трчаат стотици луѓе.

Трката овековечена од Ернест Хемингвеј во неговиот роман „Сонцето повторно се раѓа“ од 1926 година привлекува туристи од целиот свет. Секоја година, десетици луѓе завршуваат повредени, па дури и умираат во трчањето на биковите.

Од 1911 година, кога почнала да се води статистика, животот го загубиле најмалку 16 луѓе. Последната жртва била во 2009 година кога 27-годишен Шпанец бил проголтан од бик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот