ВИДЕО: Томовски со „златна“ одбрана, пресуди искуството на Столе и Лазаров!

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Денеска македонската сениорска репрезентација го забележа и вториот триумф во квалификациите за пласман на наредното Европско првенство.

Во рамките од второто коло во групата „7“ освоивме два важни бода во Шафхаузен против Швајцарија (23:25).

Секако и од Европската ракометна федерација се импресионирани од новиот одличен настап на нашите најдобри ракометари.

Во продолжение можете да погледнете како играч од светска класа на 40 години, десниот бек Кирил Лазаров израмнува на 10:10 пред крајот на првото полувреме.

Потоа, незадржливиот на пикерската линија, искусниот Стојанче Стоилов после асистенцијата на Лазаров ја тресе швајцарската мрежа за „плус два“ на семафорот (6:8). А исто така вреди да се погледне и „златната“ одбрана на голманот Мартин Томовски кога беше најпотребно при минимална позитива од 20:21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот