Чекор поблиску до ЕП: Голема победа на Македонија против Швајцарија!

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Денеска во вториот натпревар од квалификациите за пласман на наредното Европско првенство, во Шфахаузен најдобрата македонска репрезентација триумфираше со резултат 23:25 (10:10).

На денешниот дуел Кирил Лазаров забележа шест голови, пет Стојанче Стоилов, а по четири имаа Филип Кузмановски и Гоце Георгиевски. На спротивната страна седум погодоци беа дело на Андре Шмид, а пет забележа Лени Рубин.

Ова е втор триумф за избраниците на селекторот Данило Брестовац после стартната победа во Скопје против Финска. Секако многу важни бодови со оглед на тоа што можеби токму Швајцарците се наш најголем конкурент за тоа второ место кое води директно на ЕП.

Но, секако нема да ги исклучиме надежите на нашата селекција да се борат и за првото место, а за тоа ќе мораме да бидеме подобри и од Данците. Токму против нив во третото коло ќе ги одмериме силите на домашен терен на 10/11 март наредната 2021 година.

После две одиграни кола во квалификациската група „7“ по четири максимални бодови имаат Данска и Македонија, ниту еден Швајцарија и Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот