ВИДЕО | Арсенал рутински го совлада Бормут и ја продолжи трката со Манчестер Сити

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Екипата на Арсенал ја продолжи битката со Манчестер Сити за врвот на табелата во Премиер лигата откако денеска со 3:0 го совлада Бормут во рамките од 36. коло.

Од самиот старт Арсенал беше подобриот тим на теренот и создаваше шанси пред голот на Бормут кој беше инфериорен и ретко излегуваше од својата половина. Сепак резултатот беше отворен дури во завршницата од првиот дел кога Сака реализираше најстрога казна за 1:0.

Арсенал играше нешто поповлечено во вториот дел, а сите дилеми околу победникот беа решение на 20-тина минути до крајот кога Тросар по асистенцијата од Даклан Рајс зголеми на 2:0.

Три минути подоцна се тресеше и мрежата на Давид Раја, меѓутоа погодокот на Семенјо беше поништен поради прекршок во напад. До крајот на средбата поради недозволена позиција видовме и поништен гол на Габриел, a конечните 3:0 ги постави Рајс со голот во седмата минута од судиското продолжение.

На табелата Арсенал сега е лидер со 83 бода, Манчестер Сити е второпласиран со 79, но „граѓаните“ кои денес подоцна играат против Вулвс имаат и два натпревари помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот