ВИДЕО: Тинејџери и донесоа триумф на Борусија Дортмунд

Мукоко и Биное-Гитенс и донесоа победа на Борусија/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа на гостувањето кај Фрајбург на гости со 3:1 во натпреварот од второто коло во германската Бундеслига.

„Милионерите“ одлично ја започнаа сезона, по победата во првото коло во дербито против Баер Леверкузен со 1:0, вечерва совладаа уште еден тим кој има големи амбиции.

Првата шанса на натпреварот ја имаше најновото засилување на Борусија, Ентони Модесте кој дојде како замена за болниот Себастијан Алер ,но неговиот удар го запре домашниот голман Марк Флекен. Една минута подоцна Фрајбург возврати преку Унгарецот Роланд Шалаи, но резултатот не се промени.


Тоа што не го направи Шалаи, му успеа на Михаел Грегорич во 35. Минута кој на Фрајбург му донесе водство.

Се чинеше дека Фрајбург ќе успее да ја сочува мрежата недопрена и ќе дојде до голема победа, но тренерот Един Терзиќ во второто полувреме во игра внесе двајца млади фудбалери родени 2004 година, Гитенс и Мукоко кои го премија текот на натпреварот.

Во 77. минута Јусуф Мукоко му асистираше Џејми Бино-Гитенс за израмнување 1:1.

Седум минути подоцна „милионерите“ направија целосен пресврт, овојпат стрелец беше Мукоко на асистенција на Џулијан Брант.

Конечниот резултат го постави уште еден резервист Мариус Волф на две минути пред крајот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот