Фото: ФК Тетекс

ВИДЕО | Teтекс со девет гола во мрежата на Влазними го потврди местото во ВМФЛ

Тетекс и следната сезона ќе настапува во Втората македонска фудбалска лига, откако во баражот за опстанок убедливо го совлада Влазними со високи 9-0.

На стадионот во Ѓорче Петров, тетовскиот состав уште од самиот почеток ја оправда фаворитската улога и не дозволи никаква неизвесност околу конечниот победник. По првото полувреме Тетекс веќе имаше сигурна предност од 3-0, со што практично го реши прашањето за победникот.

Во продолжението избраниците на тетовскиот клуб не го намалија темпото, туку продолжија со офанзивната игра и постигнаа уште шест погодоци за убедлив триумф и потврда на второлигашкиот статус.

Претходно пласман во Втората македонска фудбалска лига обезбедија екипите на Еуромилк, Камењани и Кожуф, кои преку своите настапи изборија место во повисок ранг на натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот