ВИДЕО | Танкер се преврте во водите кај Јапонија, се трага по седум членови на екипажот

Потонат танкер / Фото твитер

Јужнокорејски танкер се преврте рано утринава кај остров во југозападна Јапонија, а крајбрежната стража соопшти дека спасила четворица членови на екипажот и се уште трага по седум исчезнати.

Крајбрежната стража соопшти дека добила повик за помош од танкерот за хемикалии Кеојанг Сун. Во повикот се вели дека тој се превртел додека барал засолниште во близина на јапонскиот остров Муцура поради лошите временски услови.

Островот се наоѓа веднаш до југозападниот крај на главниот јапонски остров Хоншу, на околу илјада километри од Токио. Бродот подоцна целосно се превртел, соопшти крајбрежната стража. Снимките на јапонските телевизии покажаа дека бродот целосно се превртел, а разбрануваното море ја покрива неговата долна страна. Не е позната состојбата на спасените членови на екипажот.

Телевизијата НХК објави дека во екипажот имало Кинез, двајца Јужнокорејци и осум Индонезијци. Засега не се познати други детали, вклучително и како се превртел бродот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот