ВИДЕО | Танески од БЕСТ: На добар пат сме со младиот инженерски кадар, има интерес и потенцијал
Слободен печат
Пред
БЕСТ Скопје организира Европски инженерски натпревар – EBEC од 8-19 март, за првпат во виртуелно издание. Настанот кој е организиран од студенти – волонтери е наменет за студентите и за нивното понатамошно кариерно надградување. Инженерскиот натпревар им овозможува на натпреварувачите да се запознаат со реалните практични проблеми во светот на инженерите и инженерските решенија.
Оваа година, во услови на пандемија, за првпат EBEC ќе се одржува виртуелно, во склоп на „Недела на инженерство”. Сите заинтересирани студенти ќе можат да се пријават и да се натпреваруваат, како дел од тим составен од 4 учесници, во една од категориите – „Case Study“ или „Team Design“. Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од партнер-компаниите, како и професори од техничките факултети при УКИМ. Задачите и проблемите со кои ќе се соочат студентите ќе бидат зададени од страна на партнер-компаниите – „Aptiv“, „IW Connect“ и „Johnson Matthey“.
Case Study – во оваа категорија натпреварувачите ќе се соочат со конкретен „случај“ од некој теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа. Оваа година, партнери за оваа категорија се „IW Connect“ и „Aptiv“.
Team Design – категорија која ги предизвикува креативните вештини за решавање на практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите, а предизвикот е дизајнирање на решение на даден проблем со ограничени материјали и време. Проблемот го поставува партнерот „Johnson Matthey“.
Овојпат, освен што EBEC се преместува на виртуелните платформи, сите заинтересирани студенти ќе имаат можност да присуствуваат и научат нешто.
-Самиот настан е оваа година едел од поголем настан кој го викаме „Денови на инжинерство“. Овој поголем настан почнува од 8 март и ќе има активности кои се отворени за сите. За самиот натпревар кој ќе се случува неделата веднаш после тоа, најчесто се пријавуваат од инжинерските факултети, но може кој било да се пријави, изјави за Утрински брифинг, Петар Танески (БЕСТ).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Појавата на опасната риба „зајачка глава“ на грчкото приморје, и покрај тоа што засега има само еден потврден случај на контакт со луѓе, создава доза на страв кај туристите што одлучиле ова лето одморот да го поминат кај јужниот сосед. Но колку е оваа риба навистина опасна и дали има простор за паника? Се упативме …
Појавата на опасната риба „зајачка глава“ на грчкото приморје, и покрај тоа што засега има само еден потврден случај на контакт со луѓе, создава доза на страв кај туристите што одлучиле ова лето одморот да го поминат кај јужниот сосед. Но колку е оваа риба навистина опасна и дали има простор за паника? Се упативме …