ВИДЕО: Сѐ што треба да знаете за вакцината „Спутник В“ директно од упатството!
Руската вакцина која стигна во Македонија „Спутник В“, се препорачува за повозрасни од 18 години. Потребни се 2 дози, а втората се дава 21 ден по првата. Се инјектира во рамето мускулно. Ефикасноста на Спутник В наспроти КОВИД-19 е пријавена на 91,6%.
Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В. Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.
Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.
Контраиндикации:
1. Преосетливост на која било компонента на вакцината или вакцина која има слични компоненти;
2. Тешки алергиски реакции во минатото;
3. Акутни инфективни и незаразни болести, влошување на хронични заболувања – вакцината треба да се администрира 2-4 недели по закрепнувањето или ремисијата. Кај лесни акутни респираторни вирусни инфекции или акутни гастроинтестинални инфекции, вакцината се администрира по нормализирање на температурата на телото
4. Бременост и доење Во моментов не е познат титарот на заштитните антитела. Времетраењето на заштитата е непознато. Клиничките епидемиолошки студии за ефикасност се во тек. Според досегашната анализа, ефикасноста е над 91%.
Мерки на претпазливост и посебни предупредувања:
Вакцината треба да се користи со претпазливост во случаи на хронично заболување на црниот дроб и бубрезите, ендокрини пореметувања (видливи аномалии на функцијата на тироидната жлезда и дијабетес мелитус во фаза на декомпензација), сериозни болести на хематопоетскиот систем, епилепсија и други болести на ЦНС, акутен коронарен синдром и акутни цереброваскуларни состојби, миокардитис, ендокардитис, перикардитис.
Поради недостаток на податоци, вакцинацијата може да претставува ризик за следните групи на пациенти: со автоимуни болести (стимулација на имунолошкиот систем може да доведе до егзацербација на болеста, и затоа треба да се биде посебно претпазлив кај овие пациенти со автоимуно нарушување што има тенденција да доведе до сериозни и опасни по живот состојби со малигни неоплазми. Одлуката за вакцинирање треба да се заснова на проценка во односот корист/ризик кај секоја специфична ситуација.
Лекот е контраиндициран за време на бременост и доење, бидејќи неговата ефикасност и безбедност во овие услови не се проучени.
Дозирање и начин на употреба:
Вакцината е наменета само за интрамускулно инјектирање. Интравенска администрација на лекот е строго забранета.