ВИДЕО| Сведоци на несреќата во Загреб: Изгледа како да поминал тенк

Возачот на „aуди“ со загрепски регистерски таблички возел со брзина што, барем како што изгледа на снимките од надзорната камера, надминувала сто километри на час.
Само благодарение на чудната комбинација на околности, најмалку четири лица се спасија од смртта во сообраќајна несреќа што се случи во понеделникот на авенијата Дубрава во Загреб.
Возачот на „aуди“ со загрепски регистерски таблички возел со брзина што, барем како што изгледа на снимките од надзорната камера, надминувала сто километри на час.
Тој во еден момент изгубил контрола над автомобилот и се лизнал преку трамвајските шини и удрил со предниот дел удрил во „БМВ“ кое било паркирано на тротоарот.
Од силината на ударот, „аудито“ започнало да се превртува, и завршил на покривот и продолжил да лизга во таа позиција, удирајќи уште осум автомобили кои беа паркирани на патот. Сите ги удрил од задната страна или од страната, а колку бил силен ударот зборува и фактот дека некои од паркираните автомобили останаа без странична врата, која се претвори во куп лим. „аудито“ запрело нешто повеќе од педесет метри од каде што започна да се превртува.
– Излегов од продавницата неколку секунди по судирот, а целата улица изгледаше како да поминал тенк низ неа. Некои од младите претпазливо му пријдоа на „аудито“, претпоставувам дека очекуваа да најдат крваво тело внатре, и најдоа возач кој освен што беше во очигледен шок, буквално помина без ниту една гребнатинка. Тие му помогнаа да излезе од автомобилот, а тој успеа само да ги праша дали се живи – рече човекот кој се најде на местото на несреќата.
Пашко Крстиќ, очевидец на несреќата кој беше спасен од сигурна смрт со „БМВ“ паркирано на тротоарот, исто така потврди дека добро знаел како за влакно ја избегнал смртта.
– Одев замислено по тротоарот, дури не гледав на улицата, кога одеднаш ме погоди паркирано „БМВ“. Јас дури и не разбирав што се случува, а сите од околните продавници и згради веќе истрчаа на улица. Дури кога се свртев, видов како целосно разбиени автомобили лежат на улицата. Потоа поврзав два и два и сфатив дека „БМВ“ што ме удри во суштина ми го спаси животот, затоа што да не беше тоа, „аудито“ ќе удреше директно во мене. Дојде брза помош и ме прегледа, ништо не беше скршено, само ногата ми беше малку отечена иако сè повеќе ме боли кога почна да се лади, но добро е како можеше да биде – раскажува Пашко Крстиќ.