ВИДЕО | Сунак мораше да се извини откако сними видео како се вози во автомобил без појас

Риши Сунак / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер Риши Сунак се извини откако го извади појасот додека се возеше за да сними видео за социјалните мрежи. За време на снимањето тој седел на задното седиште во автомобилот. Неговиот портпарол изјави дека станува збор за „грешка во проценката“ и дека премиерот „верува дека сите треба да носат појас“, пишува Би-би-си.

Сунак го објави видеото на Инстаграм. На видеото кое трае околу една минута, може да се види како тој им се обраќа на гледачите за време на возењето.

Британците кои не носат појас во автомобил може да се соочат со казна од 100 фунти (114 евра). Доколку случајот оди на суд, казната може да биде и до 500 фунти (572 евра). Од ова правило се изземени оние кои имаат лекарско уверение дека не можат да носат појас од здравствени причини, како и возилата на полицијата, противпожарната и спасувачката служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот