ВИДЕО: Судијата ги праша дали сакаат да го поделат златото, погледнете ја нивната реакција

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Мутаз Еса Баршим од Катар и Џанмарко Тамбери од Италија одлучија да го поделат олимпиското злато во скок во височина откако двајцата без грешка во натпреварувањето ги прескокнаа сите височини до 237 сантиметри.

Сите три обиди за два сантиметри повисоко поставената летвичка беа неуспешни и за катарскиот и за италијанскиот олимпиец.

Од судијата им беше понудено да одлучат за конечниот победник преку меѓусебна борба или да поделат златен медал.

За двократниот светски шампион Баршим ова е трет олимписки медал, после бронзата во Лондон 2012 и среброто во Рио де Жанеиро 2016.

А Тамбери стигна до својот прв медал на големите натпреварувања во професионалната атлетска кариера.

Да додадеме уште дека бронзата патува во Белорусија, ја освои Макси Недасекау, како и победниците прескокна 237 сантиметри, но на патот до таа височина имаше два неуспешни обиди.

ВИДЕО: Испишана историја во Токио, Рохас сруши рекорд стар 26 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот