ВИДЕО: Судењето на Новак Ѓоковиќ во живо

новак ѓоковиќ
Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Главна спортска вест во светот е случајот со Новак Ѓоковиќ кој веќе четврти ден се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, а завршницата ќе биде вечерва точно на полноќ по средноевропско време кога ќе започне процесот пред федералниот суд во Мелбурн и истиот ќе може да се следи во живо.

Ѓоковиќ пред федералниот суд на државата Викторија ќе ја изнесе својата одбрана откако австралиските власти му ја укинаа визата која претходно му беше одобрена. Српскиот тенисер заедно со својот адвокатски тим составија жалба на 35 страници и ја доставија до судот кој ќе одлучи дали Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на Австралија Опен доколку му биде усвоена истата. Доколку не му биде усвоена жалбата, тогаш Ѓоковиќ се соочува со тригодишна забрана за влез во Австралија.


Очекувано, судењето предизвикува огромно внимание во светската јавност, а на интернет страницата на Сојузниот окружен суд во Австралија е објавено дека судењето „ќе се води со технологија на далечински пристап и може да го следи било кој член на јавноста“. Упатството за следење на судењето на Новак Ѓоковиќ може да го погледнете на следниот ЛИНК или на овој ЛИНК

„Ова подлежи на вообичаеното и дискрециско право на судијата во одредени случаи само одредени лица да бидат присутни за време на сослушувањето. Доколку некој член на јавноста сака да го следи или слуша сослушувањето, ве молиме да го контактирате судијата преку мејл до 8.30 часот“, пишува на страницата на судот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот