ВИДЕО: Страшна песочна бура во Египет го парализираше Каиро и Суецкиот канал

Песочна бура во Египет/Фото: Твитер

Сцени кои потсетуваат на холивудски филмови беа снимени во четвртокот во Египет додека песочна бура зафати голем дел од земјата, при што имаше еден загинат и пет повредени.

Видеата и од Каиро и од Суецкиот канал го доловуваат интензитетот на феноменот што создаде слики од други свет.

Во Каиро песочната бура предизвика уривање на билборд кој падна врз четири автомобили во центарот на градот.

Во Суецкиот канал две пристаништа беа затворени „поради лошите временски услови бидејќи песочната бура беше придружена со силни ветрови и големи бранови“.

Како што пренесуваат локалните медиуми, песочните бури се честа појава во Египет во пролет, што предизвикува респираторни проблеми кај граѓаните.

Последната таква голема песочна бура во 2021 година доведе до закотвување на товарниот брод „Евер Гивен“ во дијагонална положба, што предизвика проблеми во сообраќајот низ каналот околу една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот