ВИДЕО | Стефановски: Бугарската позиција за многумина е нејасна – Унијата да направи притисок врз Бугарија

Во однос на изјавата на премиерот Заев потребна е поголема малку поголема транспарентност, бидејќи кога се преговара за иднината на сите граѓани во оваа држава убаво е јавноста да знае за што се преговара, до каде се преговара, а уште поважно е за тоа да бидат известени државните институции, конкретно Собранието. Ние како организација уште пред 2-3 години апелиравме дека процесите поврзани со евроинтегративниот процес да се префрлат во Собранието и таму да се одлучува за нашата судбина, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ проф. д-р Иван Стефановски директор на „Евротинк“.

-Бугарската позиција за многумина е нејасна. Потенцијалните причини може да ги лоцираме на две места. Или ексклузивно внатрешно-политичко прашање во пресрет на претстојните парламентарни избори и земјќи го предвид контекстот и коалицијата на власт тоа и не е неочекувано. Но доколку е само внатрешно-политичко прашање тоа е подобро за нас, бидејќи мислам дека останатите европски и светски сили ќе можат да направат дополнителен притисок за тоа да се реши, а верувам дека многумина претставници на овие земји сериозно работат на омекнување на овие ставови, бидејќи со нив Бугарија прави еден поголем проблем на целиот регион и една европска приказна. Доколку пак бугарските ставови се дел од некакво надворешно влијание, реално е да се претпостави дека тоа донекаде е руска игра. По нашето влегување во НАТО имаше една изјава од Лвров, каде буквално рече „Ќе ви вратиме“. И доколку тоа е така, Америка и нејзината дипломатија чувствуваат потреба да се вклучат во овој процес, вели Стефановски.

-Кога зад проширувањето ќе застанат и изградат консензуз, Германија, Франција, Холандија највлијателни земји членки, малку е тешко кога сте Бугарија да одите контра. Мислам дека бугарската страна малку се преигра, бидејќи Бугарија и Грција не се исто. Грчките позиции колку и да беа тврди, беа конзистентни и опстојуваа од раните деведесети години на некоја јасна линија. Она што го прави Бугарија е инцидентно свртување во десно. Групата на македонски и бугарски интелектуалци е многу активна посебно на социјалните мрежи, но и во повикот до надворешните субјекти кои се информирани за либералните политики и како треба да се постапи во овој случај. Добро е што има разум, либарелен наратив, особено кај бугарската страна. Тоа радува и мислам дека помага на процесот, смета Стефановски.

Целиот разговор со проф. д-р Иван Стефановски директор на „Евротинк“ погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот