ВИДЕО | СП. поткаст трета епизода: Македонската кошарка, репрезентацијата и спортот со Андреј Шошкиќ

Вечерва се емитува третата епизода од нашиот поткаст на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е Андреј Шошкиќ, еден од најталентираните македонски кошаркари. Шошкиќ две години по ред е избран за најдобар млад кошаркар на Македонија.
На само 17 години, Шошкиќ стана еден од најмладите македонски кошаркари кој го облекол дресот на македонската сениорска репрезентација.
Во гостувањето, тој зборува за неговата прва сезона во првиот тим на КК Работнички, досегашните успеси, предизвиците за еден млад кошаркар и патот до успехот.
Шошкиќ говори и за настаните кои ја одбележаа светската кошарка, НБА сезоната и Евролигата и други интересни теми поврзани со овој спорт.
Целиот разговор може да го проследите на линкот во продолжение: