ВИДЕО: Со полициски хеликоптер пронајдена жена која беше пријавена за исчезната

Хеликоптер, Фото: МВР

Полицијата денеска со хеликоптер во реонот на село Требовлје ја пронајде жителката на село Косово, Македонски Брод.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во координација со СВР Битола во реонот на село Требовлје денеска пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од село Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 01.01.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Оттаму дополнуваат дека В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот