ВИДЕО: Снимката од дете мигрант, кое плива на пластични шишиња и неутешно плаче го потресе светот

„Ајде Шпанија, посвои го ова младо момче. Грижете се, дајте му образование и научете го да игра фудбал.  Кој знае дека може да биде следниот Кристијано Роналдо од Европа“, е само еден од коментарите под снимката која го обиколи светот.

Видеото со момчето кое плаче и се држи за пластични шишиња за да не потоне обидувајќи се од Мароко да стигне до Шпанија го потресоа светот.

На неговото лице се гледа како со болка, очај и трошејќи ги последните последни сили се обидува да доплива до брегот. Шишињата му се прикачени околу струкот за да плови на површината.

На видеото се слуша како шпански војник го повикува. Видно вознемиреното момче успева да стигне до брегот, но за него тоа не значи слобода. Откако ги вади пластичните шишиња нема време ниту да земе здив. Тоа од страв, веднаш се стрчува кон високиот камен ѕид кој е последната препрека до слободата и се обидува да се искачи. Но, безуспешно, двајца војници со штитници во рацете го факаат и го носат во за него непознат правец.

„Мора да се соочил со нешто неподносливо затоа што во спротивно немало да се обиде да плива до Шпанија. Се надевам дека ќе пронајде мир во животот.“

„Ниту едно дете не треба да страда на каков било начин. Ако беше помал ќе го земеа веднаш. Се молам да пронајде добар дом.“

Момчето е само едно од илјадниците луѓе кои од Мароко се обидуваат да преминат во Шпанија. Тие изминатите денови запливаа околу граничната ограда што излегува во морето, одделувајќи ја Сеута од соседено Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот