ВИДЕО | Снаа и свекрва се скарале на денот на свадбата: На чија страна е младоженецот?

Фото: Принтскрин / Youtube

Во Соединети Американски Држави за време на свадбена церемонија љубоморна мајка (чие име не е познато) ја прекинала венчавката на нејзиниот син Џон Лерби поради наводната омраза кон нејзината идна снаа Ана со цел да ги спречи да се венчаат на сите можни начини. Меѓутоа, нејзиниот план пропадна.

Според зборовите на сестрата на невестата, свекрвата никогаш не ја сакала Ана затоа што мислела дека „го зела нејзиниот син под своја власт“ и секогаш велела дека е вознемирена што се заедно, и покрај тоа што парот се и родители на осуммесечно бебе, пренесува „El Diario“.


Кога ја направила сцената на венчавката, невестата била самоуверена и ѝ рекла на свекрвата дека „може да ја напушти салата затоа што нема да успее ја уништи нејзината свадбена прослава“.

Мајката на младоженецот одговорила дека нема да замине бидејќи платила за фустанот која невестата го носела.

Младоженецот бил растргнат помеѓу неговата мајка и неговата идна сопруга, и на крајот ги замолил двете жени да ја прекинат расправијата.

Драмата имала среќен крај бидејќи парот на крајот сепак се венчал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот