Фото: Instagram/ Youtube

ВИДЕО | Славица Ангелова е победник на „Ѕвездите на Гранд“: Македонката со моќниот вокал го воодушеви регионот

Финалето на популарното шоу за избор на најдобар пејач „Ѕвездите на Гранд“ синоќа се одржа и конечно се знае кој е победникот.

Македонија е горда и се радува на успехот на младата и талентирана пејачка Славица Ангелова од Струмица, која успеа да победи во финалето на музичкото талент шоу.

Како и досега, победникот беше избран од публиката со СМС гласови. Славица го воодушеви регионот со својот моќен глас и со 88.367 гласови заслужено ја понесе победата.

Фото: Instagram/ slavica.angelova

Потсетуваме, младата Ангелова за прпат се претстави на публиката на музичкиот натпревар „Неки нови Клинци“, а сега блесна во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Инаку, годинава победникот ќе добие песна, видео спот и автомобил „фиат типо“.

Во продолжение погледнете го прогласувањето на победникот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот