ВИДЕО: Скулптура од опашка на кит во Холандија спречи воз да заврши во вода

Воз кој сообраќа во холандскиот град Спикенизе, близу Ротердам, удрил во преграда, а скулптура од опашка на кит спречила возот да заврши во вода, пренесуваат холандските медиуми.

Возот останал да стои на 10 метри над пешачката патека, благодарение на „опашката на китот”.

– Се обидуваме да одлучиме како да го спуштиме возот на внимателен и контролиран начин, рече портпаролот на локалниот безбедносен штаб.

Несреќата се случила на метро-станицата Де Акерс, која е последна станица на релација Ц и Д во Холандија, а возачот по несреќата успеал да излезе од возот и бил пренесен во болница.
Во тој момент веќе никој не бил во возот.

Иако властите издадоа предупредување до граѓаните да го избегнуваат местото, околу 50 лица се собрале на местото на несреќата.

Тим експерти истражува како успешно да се спушти возот.

Извор:МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот