ВИДЕО: Скандал во Премиер лигата, Виеира удри навивач на Евертон

Францускот менаџер на Кристал Палас, Патрик Виеира/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Неверојатни сцена ни доаѓаат од Премиер лигата по победата на Евертон кој успеа да обезбеди опстанок. Имено, менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира се соочува со истрага од Фудбалската асоцијација на Англија бидејќи во четвртокот вечерта удри навивач на Евертон.

Навивачот го испровоцирал Виеира, му покажал среден прст, го навредувал и цело време го снимал. Францускиот стратег реагираше бурно и сега се соочува со казна.

– Немам што да кажам за тоа – рече Виеира за британските медиуми по натпреварот.

Од друга страна, менаџерот на Евертон, Френк Лампард по натпреварот изјави дека сочувствува со Виеира, а воедно застана во одбрана на навивачите на својот клуб.

– Тоа беше чист ентузијазам на навивачите кои истрчаа на теренот откако клубот избегна испаѓање. Доколку тоа се прави на вистински начин, нека останат на теренот, нека имаат свој момент. Сè додека се однесуваат добро, нема проблем – вели Лампард.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот