ВИДЕО: Евертон со пресврт за опстанок во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Уште вечерва Евертон ја искористи „меч топката“ за останување во елитата, триумфираше на домашен терен против Кристал Палас (3:2).

По првото полувреме играчите на Френк Лампард беа во негатива, гостите водеа со 2:0 со головите на Матета и Ају.

Во вториот дел домашните фудбалери направија целосен пресврт со преку Кин во 54, Ришарлисон во 75 и Калверт-Левин во 85 минута.

Покрај мечот на „Гудисон“, Лидс со големо внимание го следеше и натпреварот на „Вила Парк“ помеѓу Астон Вила и Барнли кои на крајот ремизираа 1:1.

Играчите на Стивен Џерард имаа повеќе од играта, креираа повеќе шанси, но голманот на Барнли Поуп блескаше со своите одбрани.

Буендиа невнимателно реагираше во казнетиот простор пред паузата, направи фаул за пенал кој го реализираше Барнс. Буендиа се поправи на стартот од второто полувреме со убав гол по асистенцијата на МекГин.

На ваквиот бод не се радуваше многу Лидс, но го остава и натаму во игра за опстанок. На едно коло до крајот на сезоната безбедниот Евертон е на 16 позиција со 39 бодови, пред Барнли и Лидс кои имаат по 35.

Во последното 38 коло на 22 мај Барнли ќе го пречека Њукасл, а Лидс ќе му гостува на Брајтон. Составот на Џеси Марш има многу лоша гол разлика (40:78) во однос на Барнли (33:51).

На крајот и триумф на Лидс не би бил доволен, доколку Барнли слави пред своите навивачи против Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот