ВИДЕО: Скандал по холандското дерби, навивачите на ПСВ го нападнаа и удрија Тадиќ!

Фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Денеска во дербито на холандското првенство на „Филипс“ стадионот во Ајндховен ремизираа екипите на ПСВ и Ајакс (1:1).

Во 39 минута домаќините дојдоа во водство со голот на Захави, а гостите израмнија преку Тадиќ кој реализираше пенал во судиското надополнување (90+2`).

Токму српскиот интернационалец Душан Тадиќ се најде во центарот на вниманието, односно по натпреварот беше вербално и физички нападнат од навивачите на ПСВ.

На патот кон својот автобус Тадиќ беше удрен од еден од хулиганите (најверојатно со метална паричка), по што истиот веднаш беше отстранет од обезбедувањето.

Да се вратиме на мечот, пред изведувањето на пеналот како што тврди Тадиќ добил големи навреди од противничките играчи (вкупно тројца, меѓу нив и Дамфрис кој го направи прекршокот за најстрога казна), сè со цел да не реализира од белата точка.

Тоа не им успеа, Тадиќ ја затресе мрежата, и веднаш истрча кон Дамфрис да го погледне и го натера да замолчи, но и тука страстите не се смируваа.

Во тамошниот шампионат се води борба за титулата, моментно Ајакс е првопласиран со 57 бодови, шест повеќе, но и меч помалку од второпласираниот ПСВ.

Како што е познато, првото место носи место во групите на Лигата на шампионите, а второто во квалификациите за елитното европско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот